Доделување на Спа награди за Македонија, како дел од балканските Спа награди во саботата се одржа во Скопје во организација на Иницијативниот комитет со кој претседава д-р Жан Митрев и меѓународната организација "Спа номинации", а под покровителство на Министерство за економија. Целта на манифестацијата е започнување на кампањата за развој на Спа туризмот во Македонија и промоција на Македонија како значајна Спа дестинација на Балканот. На свеченоста се обрати министерот за економија Ваљон Сараќини, кој ја додели и главната награда во категоријата „Спа дестинација на Македонија". Еден од значајните туристички производи кои може Македонија да ги понуди на меѓународниот пазар е развојот на бањскиот туризам, во чии рамки посебен акцент се дава на развојот на СПА и рехабилитацискиот туризам.
Доделување на Спа награди за Македонија, како дел од балканските Спа награди во саботата се одржа во Скопје во организација на Иницијативниот комитет со кој претседава д-р Жан Митрев и меѓународната организација "Спа номинации", а под покровителство на Министерство за економија.
Целта на манифестацијата е започнување на кампањата за развој на Спа туризмот во Македонија и промоција на Македонија како значајна Спа дестинација на Балканот.
На свеченоста се обрати министерот за економија Ваљон Сараќини, кој ја додели и главната награда во категоријата „Спа дестинација на Македонија".
Еден од значајните туристички производи кои може Македонија да ги понуди на меѓународниот пазар е развојот на бањскиот туризам, во чии рамки посебен акцент се дава на развојот на СПА и рехабилитацискиот туризам. Развивајќи го овој сегмент од туристичката индустрија, посебен акцент и внимание се посветува на одржливиот туристички развој, кој освен задоволувањето на потребите на туристите и на регионите кои се домаќини на тие туристи, истовремено ги чува и зголемува потенцијалите за економски раст и развој и за во иднина.
„Според некои проценки, Република Македонија има 64 извори на геотермални и минерални води со различна температура и богат минерален состав од сулфур, фосфор, арсен, јод и друго, познати во регионот, но и пошироко. Наспроти тоа, има само 8 бањски центри, и тоа, Банско, Кежовица, Негорци, Бања Кочани, Катланово, Кумановска бања и Дебарски бањи - Цапа, но радува фактот што и онаму каде нема класичен бањски извор, никнуваат спа и велнес центри, со понуда на холистички и интегративни програми за лечење и превенција. Ме радува што дел влегоа и во листата на номинирани во неколкуте категории на првите македонски спа награди", информираше Сараќини.
Секако, неопходни се и нови домашни и странски инвестиции, со кои овој сегмент од туризмот ќе се развие на повисоко ниво, особено имајќи ја предвид традицијата на развој на спа и велнес туризмот во регионот, како што се Србија, Бугарија, Унгарија.
„Затоа, како Влада, покрај инвестициските олеснувања и субвенциите во туризмот, кои придонесоа минатата година и годинава да достигнеме еден од најголемите порасти во туризмот за изминативе 10 години, работиме и на промовирање на овој спа туризмот, но и олеснување на постапките за давање на концесија на минералните и геотермалните води и нивно користење за овој вид на туризам", истакна Сараќини, додавајќи дека наградите ќе бидат мотив повеќе за создавање на нови велнес центри, кои ќе придонесат за регионален туристички развој и збогатување на понудата на постојните спа центри, со цел покрај третманите на домашните туристи да се привлечат и туристите од странство и тоа преку континуирана соработка на Владата со туристичкиот и бизнис секторот, како двигател на економијата, со цел успешно заокружување на постојните и започнување на нови проекти само во овој сегмент.
Интернационалната организација „Спа Номинации" поседува патентирана марка за организирање Спа награди за Балканот.